ВО АВСТРАЛИЈА СЕ ТРАГА ПО РАДИОАКТИВНА КАПСУЛА КОЈА ПО ГРЕШКА БИЛА ФРЛЕНА

    ВО АВСТРАЛИЈА СЕ ТРАГА ПО РАДИОАКТИВНА КАПСУЛА КОЈА ПО ГРЕШКА БИЛА ФРЛЕНАВластите објавија илустрација од предметот, чија големина е шест со осум милиметри

    Властите на Западна Австралија наредија итна потрага по исчезната капсула што содржи мало количество од радиоактивниот цезиум-137, кој може да предизвика сериозни здравствени проблеми ако се допре. Капсулата се изгубила во средината на овој месец некаде меѓу градовите Њумен и Перт, што е растојание од околу 1.400 километри. Јавноста е предупредена да не ѝ се доближува ако ја забележи.

    Таа била во камион кој патувал од рудник близу Њумен до североисточните делови на Перт од 10 до 16 јануари, кога по грешка била фрлена. Цезиум-137 често се користи при рударски активности.

    Предметот испушта разумно количество радијација. Нашата најголема грижа е дека некој би можел да го земе без да знае што е“, изјави шефот на националниот Радиолошки совет, Ендрју Робертсон.

    Агенцијата за итни ситуации објави илустрација од предметот, чија големина е шест со осум милиметри. Оттаму кажаа дека капсулата не може да се користи како оружје, но може да предизвика изгореници и други долгорочни ризици, како рак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира