ПО 300 ЕВРА КАЗНА, ПРОТЕРУВАЊЕ И 3 ГОДИНИ ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА ДОБИЈА ТРОЈЦАТА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ КОИ НА ДЕВЕ БАИР СЕ ОБИДОА ДА НАПАДНАТ ПОЛИЦАЈЦИ

    ПО 300 ЕВРА КАЗНА, ПРОТЕРУВАЊЕ И 3 ГОДИНИ ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА ДОБИЈА ТРОЈЦАТА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ КОИ НА ДЕВЕ БАИР СЕ ОБИДОА ДА НАПАДНАТ ПОЛИЦАЈЦИПретпладнето повеќе од два часа беше паднат системот на сите гранични премини во земјава, поради што не се пропуштаа возила. (Фото: Архивска фотографија)

    По 300 евра парична казна и протерување и 3 години забрана за влез во земјава добија тројцата бугарски државјани кои на граничниот премин Деве Баир денеска се обиделе физички да нападнат полицајци, соопшти доцна вечерва Министерството за внатрешни работи (МВР).

    „Околу 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г. З. (35), А. Х. (50) и Р. Х. (54), бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти претходно МВР.

    Претпладнето повеќе од два часа беше паднат системот на сите гранични премини во земјава, поради што не се пропуштаа возила. Меѓу блокираните беа и 100-150 бугарски граѓани, кои заедно со бугарската делегација на чело со министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев требаше да дојдат во Скопје на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

    Поради тензиите со Бугарија, денешното одбележување беше прогласено за настан од висок безбедносен ризик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира