Здружението на Македонците од Бугарија ОМО Илиден-Пирин бара бугарската полиција да го истражи нападот врз македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, во кој синоќа со каменување е скршено стаклото на влезот.
„Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе спроведе истрага и овој пат нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот по своја волја. Се надеваме дека тоа беше за безбедност, а не само за следење кој влегува“, реаира ОМО Илинден-Пирин во објавата на Фејсбук.
ОМО Илинден смета дека има од каде да се почне со истрагата и го сомничи претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов како можен организатор на нападот.
„Нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој во исто време беше во Благоевград со цела банда“, велат од ОМО Илинден.