Германската полиција верува дека човекот од Пакистан кој беше уапсен како осомничен за синоќешниот напад со камион на божикен панаѓур во Берлин во кој загинаа 12 луѓе не е вистинскиот злосторник, јави весникот „Дие Велт“, повикувајќи се на високи полициски фунцкионери.
„Имаме погрешен човек. И затоа имаме нова ситуација. Вистинскиот злосторник е се уште вооружен, во бегство и може да предизвика нови штети“, изјави полициски шеф за весникот.