СНИМКИ ОД 2019 ГО ПРИКАЖУВААТ ЕРДОГАН КАКО СЕ ФАЛИ СО ЛЕГАЛИЗИРАЊЕТО ЗГРАДИ КОИ НЕ СЕ ПО СЕИЗМИЧКИ ГРАДЕЖНИ ПРАВИЛА ВО ГРАДОВИ УНИШТЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ

    СНИМКИ ОД 2019 ГО ПРИКАЖУВААТ ЕРДОГАН КАКО СЕ ФАЛИ СО ЛЕГАЛИЗИРАЊЕТО ЗГРАДИ КОИ НЕ СЕ ПО СЕИЗМИЧКИ ГРАДЕЖНИ ПРАВИЛА ВО ГРАДОВИ УНИШТЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТЕрдоган токму во Караманмараш се фалеше дека со легализација на дивоградбите ги решил проблемите на 144.556 жители (Фото: Гети)

    Додека Реџеп Таип Ердоган се мачи да ја убеди јавноста дека владата добро реагирала по неодамнешниот катастрофален земјотрес, се појавија неколку години стари видеа во кои што тој се фали со легализирањето згради кои не ги исполнуваат сеизмичките градежни правила.

    Во снимките од предизборната кампања во 2019 година, Ердоган се фали како со својата политика на амнестија ги отстранил главоболките на стотици илјади граѓани поврзани со градежните стандарди. Гостувајќи во Караманмараш, во чија близина беше епицентарот на земјотресот кој само во Турција однесе над 36.000 животи, Ердоган кажа:

    Со амнестијата ги решивме проблемите на 144.556 жители на Караманмараш“.

    Тој даде слични изјави и на предизборните собири во Хатај и Малатија, кои исто така тешко настрадаа во земјотресот.

    Во Хатај ги решивме проблемите на 205.000 граѓани“, се фали Ердоган во друго видео.

    Со вакви амнестии беа легализирани десетици илјади бесправно изградени објекти и згради кои не го задоволуваат пропишаниот сеизмички код. Последната ваква амнестија беше одобрена во 2018. Според министерството за урбанизам и животна средина, државата на овој начин заработила 2,6 милијарди фунти.

    Ердоган кажа дека 47.000 згради се уништени или тешко оштетени во земјотресот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира