Германскиот обвинител соопшти дека осомничениот за нападот со камион во Берлин е пуштен оти нема доволно докази за обвинение против човекот, идентификуван само како Пакистанецот Навед Б.
Toj претходно негирал дека учествувал во нападот, a беше фатен вчера во парк откако наводно избегaл од местото на нападот.
Камионот што се втурна во панаѓурот во центарот на Берлин уби 12-мина, а ранети се 48-мина. Полицијата изјави дека станува збор за терористички напад.