ГРАДИЛИШТЕ ЗА ЗГРАДА ЗАД УНИВЕРЗАЛНА САЛА Е ПРЕТВОРЕНО ВО БАЗЕН, ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ВЕЛАТ ГО ЗАТВОРИЛЕ ОТИ НЕ Е НАПРАВЕНА ЗАШТИТНА ЈАМА

    ГРАДИЛИШТЕ ЗА ЗГРАДА ЗАД УНИВЕРЗАЛНА САЛА Е ПРЕТВОРЕНО ВО БАЗЕН, ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ВЕЛАТ ГО ЗАТВОРИЛЕ ОТИ НЕ Е НАПРАВЕНА ЗАШТИТНА ЈАМАГраѓаните на околните згради и куќи велат дека водата не се испумпува, поткопани се темелите на околните објекти и стравуваат дека некој може да се сруши.(Фото: СДК.МК)

    Градилиште за зграда на улицата 9 Мај, зад Универзалана сала  во Скопје, е полно со вода и претворено во базен. Жителите на околните згради и куќи велат дека водата не се испумпува, поткопани се темелите на околните објекти и стравуваат дека некој може да се сруши.

    Од Општина Центар велат дека на градителот „Бинјапи инжинериг“ во петокот наутро градилиштето му е затворено оти не постапувал според дозволата за градба. Но, и покрај тоа тој  попладнето си продолжил со градба, по што инспекцијата заедно со градоначалникот Горан Герасимовски вечерта излегле на терен и го затвориле градилиштето по втор пат.

    „Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затвори градилиштето. Инвеститорот ‘Бинјапи Инжинеринг‘ има одобрение за градење и градежен проект за заштита на градежна јама, за обезбедување на соседните парцели. Со тоа инвеститорот е обврзан да постави армирано бетонски колови, т.н. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење“, велат од Општина Центар.

    Од Општината велат дека на градителотму е одреден рок за да го врати градилиштето во првобитна состојба и да продолжи да гради согласно издадената техничка документација.

    Улицата 9 Мај изминатиов период е претворена во градежна зона. Сите некогашни куќи на оваа улици се продадени на градители уште пред да биде воведен мораториумот, издадени се градежни дозволи и сега слободно може да се гради односно долж целата улица да никнат згради.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира