Хорот „Кочо Рацин“, под диригентство на Сања Пановска Миланова, одбележува 70 години постоење и успешно работење со свечен концерт, утревечервечер во 20 часот во галеријата „Даут Пашин Амам“. На програмата се дела на Моцарт, Аркаделт, Мокрањац, Прокопиев, Шуплевски и Тошевски, а влезот е слободен.
Хорот „Кочо Рацин“ е формиран во 1946 во селото Горно Врановци, а изминативе 70 години диригенти се највидни имиња од македонската хорска музика, како Трајко Прокопиев, Кирил Спировски, Ѓорѓи Смокварски, Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Томислав Шопов, Летка Димовска Полизова, Стојан Стојков, Тоде Радевски, Илија Атанасов, Жанета Дивјакоска Донева, Марија Андонова. Хорот има бројни настапи и турнеи во земјава и светот, а за презентирање на македонското музичко творештво во светот е одликуван со Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда, а добитник е и на наградите Св. Климент и 13. Ноември на град Скопје.