ФИФА ГО ПРОШИРИ СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ВО 2026 НА 104 НАТПРЕВАРИ

    ФИФА ГО ПРОШИРИ СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ВО 2026 НА 104 НАТПРЕВАРИЛанското СП во Катар беше последното со 32 учесници (Фото: АП)

    Веќе проширеното Светско фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико во 2026 сега стана уште поголемо.

    Вторпат за шест години, ФИФА го промени форматот, па на првото светско првенство со 48 учесници, во прелиминарните групи ќе има по четири, а не по три селекции, што автоматски го зголеми бројот на натпревари. Бидејќи ќе се играат дури 104 мечеви, првенството ќе трае шест недели, со финале на 19 јули 2026.

    Шеснаесетте градови-домаќини, од кои 11 во САД, три во Мексико и два во Канада, сега ќе треба да организираат уште 24 натпревари. Поради тоа, во продажба ќе бидат пуштени дополнителни 1,5 милиони влезници, со што ФИФА очекува рекорден приход од најмалку 11 милијарди долари од првенството.

    Шестнеделниот Мундијал ќе почне една година по првото издание на Светското клупско првенство со 32 тимови, кое исто така би можело да се одржи во Северна Америка.

    На последното СП во Катар се играа 64 натпревари, двојно повеќе отколку во Франција во 1998 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира