ДА СЕ РАЗРЕШИ ВИЛМА РУСКОВСКА, А ИВАНА ТРАЈЧЕВА ДА ДОБИВА СКРАТЕНА ПЛАТА 6 МЕСЕЦИ ЗА ПРЕТРЕСОТ КАЈ АРАФАТ МУАРЕМИ, ПОБАРА ДИСЦИПЛИНСКАТА КОМИСИЈА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    ДА СЕ РАЗРЕШИ ВИЛМА РУСКОВСКА, А ИВАНА ТРАЈЧЕВА ДА ДОБИВА СКРАТЕНА ПЛАТА 6 МЕСЕЦИ ЗА ПРЕТРЕСОТ КАЈ АРАФАТ МУАРЕМИ, ПОБАРА ДИСЦИПЛИНСКАТА КОМИСИЈА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТОСоветот на јавни обвинители треба да одлучи за предложените дисциплински мерки (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, побара разрешување на веќе суспендираната Русковска. За Трајчева предлага до Советот на ЈО казна 30 0тсто од плата 6 месеци, а Јосифовска ја ослободува.

    Станува збор за предлог од Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој смета дека со упадот и претресот во Финансиската полиција и кај тогашниот директор Арафат Муареми, трите обвинителки од ОЈО за организиран криминал и корупција, го прекршиле законот.

    Комисијата, за поранешната основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција утврдила дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство. Одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители. За една јавна обвинителка од ОЈО за организиран криминал, за утврдена тешка дисциплинска повреда е изречена дисциплинска мерка – намалување на месечна плата во висина од 30% од исплатената нето плата во траење од 6 месеци. За една јавна обвинителка Комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“, соопшти Јавното обвинителство на РСМ.

    Против Решението на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција незадоволните страни имаат право на жалба пред Советот на јавните обвинители.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира