ПОВЕЌЕ ГРАДЕЖНИЦИ ГРАДАТ СПРОТИВНО НА ЗАКОН, ЌЕ ГИ ЗАЧЕСТИМЕ КОНТРОЛИТЕ, ВЕЛИ ГЕРАСИМОВСКИ

    ПОВЕЌЕ ГРАДЕЖНИЦИ ГРАДАТ СПРОТИВНО НА ЗАКОН, ЌЕ ГИ ЗАЧЕСТИМЕ КОНТРОЛИТЕ, ВЕЛИ ГЕРАСИМОВСКИОпштина Центар во моментов е претворена во големо градилиште.(Фото: Општина Центар)

    Повеќе градежници не ги почитуваат законските прописи на градилиштата, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Затоа, вели тој, формирана е нова комисија која секојдневно ќе врши инспекциски контроли низ општината.

    Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почитуваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини формиравме нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување“, вели Герасимовски.

    Општина Центар во моментов е претворена во големо градилиште. Откако се укина мораториумот инвеститорите повторно ги започнаа постапките за добивање градежни дозволи, со што се продолжи бетонизацијата на центарот на градот.

    Покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота. На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината.

    Според извештаите од комуналната инспекција, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени 3 глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира