СТУДЕНТИ ОД ПОВЕЌЕ ФАКУЛТЕТИ, НЕ САМО МЕДИЦИНА И ФАРМАЦИЈА ОД УКИМ ЌЕ ОДАТ КАКО ПРАКТИКАНТИ ВО „АЛКАЛОИД“

    СТУДЕНТИ ОД ПОВЕЌЕ ФАКУЛТЕТИ, НЕ САМО МЕДИЦИНА И ФАРМАЦИЈА ОД УКИМ ЌЕ ОДАТ КАКО ПРАКТИКАНТИ ВО „АЛКАЛОИД“Меморандумот го потпишаа ректорот на УКИМ, Јнакуловски и генералниот директор и претседател на УО на „Алкалодид“, Мукаетов. - Со претставниицте на работните групи. (Фото: „Алкалоид“)

    Фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД Скопје  и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје склучија нов меморандум, со кој се проширува досегашната соработка на компанијата со 4 факултети при УКИМ. Целта е да се прошири опсегот на образовни профили за кои би постоела можност за практикантска работа на студентите.

    Меморандумот го потпишаа генералниот директор и претседател на УО на компанијата Живко Мукаетов и ректорот на Универзитетот проф.д-р Никола Јанкуловски.

    Практикантската работа во „Алкалоид“ ќе биде достапна како за студентите од факултетите при УКИМ, со кои традиционално се соработува (како Фармацевтскиот, Медицинскиот, Институтот похемија на Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот факултет) така и за студентите од останатите факултети од Универзитетот, како Машинскиот, Факултетот за електротехника иинформациски технологии, Факултетот за компјутерски науки и инженерство и други факултети.

    Со овој концепт на практикантска работа, кој се изведува во работните простории на „Алкалоид“, студентите ќе имаат можност да се здобијат со практично искуство во делот на фармацевтската, козметичката, билната и хемиската индустрија.

    Програмата за млади таленти оваа година ја очекува шестата генерација практиканти, а досега во нејзини рамки биле вклучени 205 практиканти, од кои 94 се веќе вработени во компанијата.

    Соработката меѓу „Алкалоид“ и УКИМ во делот на Програмата за практикантство,  почна во април 2018, а првиот циклус на практикантство со своевремено два факултета е заокружен во септември истата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира