ЃОКОВИЌ ЌЕ МОЖЕ ДА ИГРА НА ЈУ-ЕС ОПЕН, САД ГО УКИНУВААТ БАРАЊЕТО ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19

    ЃОКОВИЌ ЌЕ МОЖЕ ДА ИГРА НА ЈУ-ЕС ОПЕН, САД ГО УКИНУВААТ БАРАЊЕТО ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19Поради ова правило, Ѓоковиќ мораше да ги пропушти мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на Отвореното првенство на САД откако Вашингтон потврди дека од странските патници веќе нема да се бара потврда за вакцинирање против ковид-19. Најдобриот светски тенисер поради ова правило мораше да ги пропушти неодамнешните мастерс турнири во Индијан Велс и Мајами.

    САД ќе ја променат својата политика на 12 мај, со што Ѓоковиќ ќе може да игра на последниот гренд слем турнир во август.

    Денеска соопштуваме дека администрацијата ќе го укине барањето за задолжително вакцинирање против ковид-19 за федералните работници и странските патници на 11 мај, истиот ден кога завршува вонредната состојба во јавното здравство во земјата“, соопшти Белата куќа.

    Ѓоковиќ го освои Отвореното првенство на Австралија во јануари, една година откако беше депортиран од земјата зашто не беше вакциниран против ковид-19. Овој месец на Ролан Гарос, тој ќе се обиде да ја освои рекордната 23. гренд слем титула.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира