ПЕТИЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ НА СКОПСКО ЛИСИЧЕ ПРОТИВ НОВИОТ ПЛАН СО КОЈ СЕ ПРЕДВИДУВА БЕТОНИЗАЦИЈА НА НАСЕЛБАТА

    ПЕТИЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ НА СКОПСКО ЛИСИЧЕ ПРОТИВ НОВИОТ ПЛАН СО КОЈ СЕ ПРЕДВИДУВА БЕТОНИЗАЦИЈА НА НАСЕЛБАТАСпоред новиот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01, во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради. (Фото: Принтскрин Фејсбук)

    Жителите на населбата Лисиче поднесоа петиција до градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и Советот на Општината против новиот Детален урбанистички план (ДУП) за овој дел. Петицијата ќе биде доставена и до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, до Советот на Град Скопје, Министерството за транспорт и врски и до други државни институции.

    За ова кратко време се соочивме со низа препреки и опструкции, но не успеаја да ја скршат нашата комшиска солидарност и сплотеност да ги спречиме во нивните подли намери да ни ја бетонизираат и обезличат населба Лисиче. Бараме да запрат постапките за усвојување на предлог-планот за градска четврт ЈИ09 блок 09.01. Граѓаните не се консултирани и не беа вклучени при процесот на изработка на ДУП-от. Планот е спротивен на стандардите и нормативите на урбанистичкото планирање“, велат жителите на Лисиче во петицијата.

    Според новиот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01, во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради. Долж булеварот Србија на просторот каде сега нема објекти туку само еден автоплац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради. Три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катници со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да можат да градат згради од приземје, 4 ката и поткровје.

    Парцелата каде ќе се гради 12-катницата е со сопственост на Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, газди на градежната фирма „Голден арт“. Тие лани во мај купуваат нива на булевар Србија и кратко време потоа Општина Аеродром на таа нива црта маркичка за 12-катница.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира