КРЕМЉ ПОТВРДИ ДЕКА ТРОЈЦА РУСКИ НАУЧНИЦИ КОИ РАБОТЕЛЕ НА ХИПЕРСОНИЧНИ РАКЕТИ СЕ УАПСЕНИ ЗА ПРЕДАВСТВО

    КРЕМЉ ПОТВРДИ ДЕКА ТРОЈЦА РУСКИ НАУЧНИЦИ КОИ РАБОТЕЛЕ НА ХИПЕРСОНИЧНИ РАКЕТИ СЕ УАПСЕНИ ЗА ПРЕДАВСТВОГрадоначалникот на Киев, Витали Кличко, со остатоците од „кинжал“ соборен над градот (Фото: Редукс)

    Тројца руски научници кои работеле на развојот на хиперсоничните проектили „кинжал“ биле уапсени под обвинение за предавство, за што се дозна неколку дена откако украинската противвоздушна одбрана собори неколку од овие оружја, за кои Владимир Путин своевремено тврдеше дека се незапирливи. Кремљ кажа дека научниците се соочуваат со многу сериозни обвинувања.

    Критикувајќи го апсењето во отворено писмо, колегите на тројцата уапсени научници предупредија дека развојот на руската хиперсонична технологија се соочува со колапс.

    Анатоли Маслов, Александар Шипљук и Валери Звегинцев работеле во Институтот за теоретска и применета механика „Христијанович“ во Новосибирск. Оттаму кажаа дека тие биле приведени поради сомнеж за велепредавство. Во писмото се фалат нивните работни достигнувања и се истакнува дека тие одлучиле да останат во Русија, иако имале богати понуди за работа во странство.

    „Ги знаеме како патриоти и чесни луѓе, кои не се способни да го направат она за што се обвинуваат“, стои во писмото.

    Новинската агенција ТАСС објави дека Маслов и Шипљук биле уапсени минатото лето, а Звегинцев оваа недела, без да се наведат други детали од случајот. Шипљук ја водел лабораторијата за хиперсонични технологии во институтот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира