МИЦКОСКИ Е РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕН ПРЕД ЃОКОВИЌ, РЕЧЕ АРСОВСКА КОЈА ЗАЕДНО СО ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ШЕТАШЕ ВО ИЗБОРНАТА КАМПАЊА

    МИЦКОСКИ Е РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕН ПРЕД ЃОКОВИЌ, РЕЧЕ АРСОВСКА КОЈА ЗАЕДНО СО ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ШЕТАШЕ ВО ИЗБОРНАТА КАМПАЊАЛани во март, Арсовска кажа дека заедно со Мицкоски бараат грантови за еко проекти за набавка на еко автобуси; -ВМРО-ДМНЕ ја поддржа за градоначалничка. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски е рекет број еден и е пред Новак Ѓоковиќ. На дискусијата на седницата на Советот на Град Скопје за состојбата на опожарениот мост „Беласица“, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска кажа дека не добиле никакви информации за состојбата на мостот, ни писмена ниту усна.

    На ова Арсовска ѝ реплицираше: „Рекет број 1 пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски. Точка“, рече Арсовска.

    Тогаш претседателот на Советот Трајко Славески ѝ реплицираше дека на првите две места има други двајца тенисери, а во моментов Новак Ѓоковиќ е на трето место на АТП листата.

    „Зборам за нашиве простори тука, најсакан рекет е Новак Ѓоковиќ, но за жал тој е само на второ место. После Христијан Мицкоски. Мицковизмот си заминува во историјата, госпоѓо Марија. Не квалификувајте, знаат граѓаните која е најкримналната структура, најкриминалната партија во државата. И тие што не знаеле, дознале“, реплицираше Арсовска.

    „Ако продолжиме вака ќе дојдеме до Девојачки мост“, реагираше Славески.

    Потоа, продолжија караниците меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, кој бил криминалец, кој местел тендери и кој фатен со рацете во мед. За мостот кажа дека се вршат испитувања и до тогаш не можат да кажат во каква состојба е.

    ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски ја поддржа Арсовска кога се кандидираше за градоначалничка на Скопје и тој настапуваше заедно со неа во изборната кампања. Лани во март, Арсовска кажа дека заедно со Мицкоски бараат грантови за еко проекти за набавка на еко автобуси.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира