РУСИЈА ДОБИЛА СТОТИЦИ ИРАНСКИ ДРОНОВИ ЗА НАПАДИ НА УКРАИНА, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌА

    РУСИЈА ДОБИЛА СТОТИЦИ ИРАНСКИ ДРОНОВИ ЗА НАПАДИ НА УКРАИНА, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌАСАД објавија снимка од фабрика во Москва која работи со Иран за производство на ирански беспилотни летала во Русија. (Фото: АП)

    Белата куќа соопшти дека се чини оти Русија ја продлабочува својата одбранбена соработка со Иран и дека примила стотици еднонасочни нападни беспилотни летала што ги користи за да ја нападне Украина. Повикувајќи се на новодекласифицирани информации, Белата куќа соопшти дека беспилотните летала биле изградени во Иран, испорачани преку Каспиското Море и потоа користени од руските сили против Украина.

    „Русија користи ирански беспилотни летала во последните недели за да го нападне Киев и да го тероризира украинското население, а руско-иранското воено партнерство се чини дека се продлабочува“, рече портпаролот на Белата куќа Џон Кирби во соопштението. „Ние сме исто така загрижени што Русија работи со Иран за производство на ирански беспилотни летала од внатрешноста на Русија“.

    Кирби рече дека САД имаат информации оти Русија добива материјали од Иран потребни за изградба на фабрика за производство на беспилотни летала која би можела целосно да биде оперативна на почетокот на следната година.

    САД претходно ги санкционираа иранските директори на производителот за одбранбено оружје поради испорака на беспилотни летала за Русија. Иран призна дека испратила беспилотни летала во Русија, но рече дека биле испратени пред руската инвазија лани во февруари. Москва негираше дека нејзините сили користеле ирански беспилотни летала во Украина. Претставник на Белата куќа рече дека Иран префрлил неколку стотици беспилотни летала во Русија од август.

    Поддршката меѓу Иран и Русија е двонасочна, рече Кирби, при што Иран од Русија бара воена опрема вредна милијарди долари, вклучувајќи хеликоптери и радари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира