УСТАВНИОТ СУД ПОМАГА НЕКАЗНУВАЊЕ ИЗБОРНИ ИЗМАМИ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:17:"single_template_1";s:11:"td_subtitle";s:311:"Воврскасотврдењатадекавработениодјавниотсекторбилеприсилуванидаодатнапротестотна15март,далиимаистрагаодвластите?-прашуваатодАмериканскатаамбасада";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВНИОТ СУД ПОМАГА НЕКАЗНУВАЊЕ ИЗБОРНИ ИЗМАМИ

    Брзината со која дејствуваше Уставниот суд и нетранспарентното одлучување беа во голема мера без преседан, изјавија од Американската амбасада за САКАМДАКАЖАМ.МК. Институциите ја градат довербата преку транспарентност и држење до востановените процедури. Активноста на Судот се чини е спротивна на неговите процедури, велат од Амбасадата.

    „Уште повеќе што, за да се одговори на проблемите со изборните нерегуларности на кои укажува извештајот на Прибе, и да се одржат „слободни и фер избори, во целосна ускладеност со европските стандарди“, како што е предвидено во договорот од Пржино, македонските институции мора да демонстрираат посветеност на тие стандарди, меѓу кои и сериозност во одвраќање, откривање и, кога ќе се случи, казнување на изборна измама. За жал, многумина во Македонија го интерпретираат тајмингот и затворената, забрзана постапка на одлучувањето на судот како ширење на неказнивоста за изборни злоупотреби. Ова не помага да се изгради довербата на граѓаните во системот“, ја коментираат одлуката на Уставниот суд од амбасадата на САД во Скопје.

    Амбасадата на САД претпладнево на официјалниот твитер профил постираше прашање на денот: „Во врска со тврдењата дека вработени од јавниот сектор биле присилувани да одат на протестот на 15 март, дали има истрага од властите?”

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира