Женската и машката репрезентација на Србија одбија да играат против Косово на Балканското младинско првенство во одбојка на песок во Штип, па натпреварите беа регистрирани со службен пораз на двете селекции на Србија.
И покрај тоа, и двете селекции на Србија и натаму имаат шанси за висок пласман.
„По вчерашното свечено отворање на првенството, денеска добивме и вакви одлуки што ние ги почитуваме. Но, тоа не го намалува ритамот на првенството, на кое учествуваат Македонија, Косово, Романија, Србија и Турција“, велат од Одбојкарската федерација на Македонија и Општина Штип, кои се организатори на Балканското првенство.
Финалето се игра утре во спортскиот центар „Џексон“ во Штип.
Т. ЈОВАНОВСКИ