СКОПСКИ „ВОДОВОД“ АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ПОЛЕВААТ БАВЧИ И НИВИ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, ВО САРАЈ 70 ПРОЦЕНТИ СЕ ДИВИ ПРИКЛУЧОЦИ

    СКОПСКИ „ВОДОВОД“ АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ПОЛЕВААТ БАВЧИ И НИВИ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, ВО САРАЈ 70 ПРОЦЕНТИ СЕ ДИВИ ПРИКЛУЧОЦИИзминативе денови кога температурата е над 40 степени има зголемена потрошувачка на вода.(Фото: СДК.МК)

    Да не се полеваат бавчи и ниви со водата за пиење, апелираат од ЈП „Водовод и канализација“. Од претпријатието велат дека изминативе денови кога температурата е над 40 степени има зголемена потрошувачка на вода.

    Главен проблем е тоа што питката вода се користи за наводнување бавчи ,најмногу во Општина Сарај. Таму има и голем број диви приклучоци, кои не само што не плаќаат за водата туку не се ниту регистрирани во системот, а си ги полеваат нивните 24 часа на ден со водата од Рашче. Според податоците во јавното претпријатие, дури 70 отсто од корисниците во Општина Сарај  се приклучени на диво на водоводната мрежа. 

    Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават во претпријатието. Потсетуваме дека дивите приклучоци се забранети со Законот за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 23 и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на Општината и на Градот, врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело“, велат од „Водовод“.

    Од претпријатието апелираат да не се користи водата од Рашче ниту за перење автомобили и за полнење базени.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира