18 МИГРАНТИ ИЗГОРЕЛЕ ВО ПОЖАР ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈА

    18 МИГРАНТИ ИЗГОРЕЛЕ ВО ПОЖАР ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈАЗасега нема пријави за исчезнати жители од околните места,па затоа се претпроставува дека станува збор за мигранти. (Фото: Катимерини)

    Осумнаесет изгорени тела, најверојатно на мигранти, се пронајдени во рурална област јужно од селото Авантас, во северна Грција. Во овој регион со денови има активни шумски пожари.

    Како што соопштија од Бригадата за противпожарната заштита засега нема пријави за исчезнати жители од околните места, па затоа се претпоставува дека се работи за лица кои илегално влегле во земјава.

    Во тек се претресите низ целата област каде што избувна пожарот“, соопштија од Противпожарната бригада.

    Пошироката област Еврос е популарна рута за мигрантите кои ја преминуваат истоимената река од Турција и влегуваат во Грција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира