СПОРТСКИОТ НОВИНАР ЗОРАН МИХАЈЛОВ ДОБИ НАГРАДА ВО БУДИМПЕШТА ЗА АФИРМАЦИЈА НА АТЛЕТИКАТА, БИЛ ДЕЛ ОД 15 СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА

    СПОРТСКИОТ НОВИНАР ЗОРАН МИХАЈЛОВ ДОБИ НАГРАДА ВО БУДИМПЕШТА ЗА АФИРМАЦИЈА НА АТЛЕТИКАТА, БИЛ ДЕЛ ОД 15 СВЕТСКИ ПРВЕНСТВАПризнанието се доделува на новинари кои известувале на најмалку десет Светски првенства во атлетика.(Фото: Фејсбук)

    Спортскиот новинар и коментатор Зоран Михајлов од Светската новинарска асоцијација (АИПС) и Светската атлетска асоцијација доби награда за популаризација на атлетиката.

    Признанието се доделува на новинари кои известувале на најмалку десет Светски првенства во атлетика. На Михајлов наградата му беше доделена во Будимпешта каде во моментов се одржува Светското првенство во атлетика, а му ја врачи легендарниот кубански атлетичар Хавијер Сотомајор.

    Михајлов беше долгогодишен спортски новинар и ТВ коментатот во МТВ, како и поранешен уредник на спортската редакција во Македонската телевизија, а по официјалното пензионирање, работи на многу други новинарски проекти, како на телевизија и на радио така и во печетените медиуми.

    Како коментатор на МТВ, а потоа и како известувач на повеќе македонски медиуми, со доаѓањето во Будимпешта како специјален известувач на весникот Нова Македонија, ја заокружува бројката од 15 учества на Светските атлетски првенства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира