ВО АВСТРАЛИЈА СЕ УРНА ВОЕН АВИОН НА САД, ПОВРЕДЕНИ 23 МАРИНЦИ

    ВО АВСТРАЛИЈА СЕ УРНА ВОЕН АВИОН НА САД, ПОВРЕДЕНИ 23 МАРИНЦИЗасега не е утврдена причината за авионската несреќа, која австралискиот премиер Ентони Албанезе ја нарече трагичен инцидент.(Фото: АП)

    Американски воен авион се урна денеска во северна Австралија за време на заеднички воени вежби меѓу двете земји. Австралиската полиција подоцна објави дека во инцидентот биле повредени 23 американски маринци. Пет од нив со хеликоптер се префрлени во болница. Еден од хоспитализираните е во критична состојба, на останатите им е дадена лекарска помош на лице место.

    Авионот Ви-22 Оспреј“ (V-22 Osprey) се урнал северно од Дарвин, главниот град на регионот Северна Територија.

    Засега не е утврдена причината за авионската несреќа, која австралискиот премиер Ентони Албанезе ја нарече трагичен инцидент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира