Стотици пожарникари продолжуваат да се борат со пожари во североисточна Грција, Атика, соседната регионална единица Беотија и островот Андрос.
Според соопштението на Противпожарната служба пожарникарите се борат со 105 шумски пожари, а 46 од нив избувнале во саботата и неделата.
Во североисточните регионални единици Еврос и Родопи, масивниот шумски пожар гори веќе деветти ден и се верува дека предизвика 20 смртни случаи од вкупно 21 поврзан со шумските пожари.
Во пожарот кај Александрополи уништени се огромни шуми и изгорени домови во оддалечените области на градот.
Пожарот кај главниот град Атина, кој гореше со денови, сега е ставен под контрола. Во него изгореа домови и дел од националниот парк на планината Парнита, една од последните зелени површини во близина на Атина.
Третиот голем шумски пожар започна во саботата на остров Андрос и сè уште не беше под контрола во неделата. Се претпоставува дека е предизвикан од удар од гром .
Службата за управување со вонредни состојби на Европската унија „Коперник“ соопшти дека во шумските пожари во Грција изгоеа 77.000 хектари земја и имаше 120 активни жаришта.