МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА КОЈА ПО ВТОРПАТ БЕШЕ ФАТЕНА ДЕКА КРАДЕ ЛЕКОВИ НЕ РАБОТИ НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА ОД 28 ФЕВРУАРИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА КЛИСАРОВСКА

    МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА КОЈА ПО ВТОРПАТ БЕШЕ ФАТЕНА ДЕКА КРАДЕ ЛЕКОВИ НЕ РАБОТИ НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА ОД 28 ФЕВРУАРИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА КЛИСАРОВСКАПретходно имавме сомнежи, имаше допрен глас, беше јавна тајна дека недостасуваат лекови. Откако сум јас директорка, подигнато е нивото на безбедноста на патеката на лекот, рече д-р Клисаровска. (Фото: К. Попов)

    Медицинската сестра од Клиниката за онкологија и радиотерапија, која на 28 февруари беше фатена при повторна кражба на лекови, доби отказно решение на 23 мај, а од 28 февруари не е стапната на Клиниката, рече денеска в. д. директорката д-р Виолета Клисаровска. Таа, заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити и организацискиот директор Хаљид Матоши одржаа прес-конференција, откако Јавното обвинителство во петокот отвори предистражна постапка за криминална бизнис-мрежа за препродавање скапа биолошка терапија за лекување на болните од рак на клиниката.

    Клисаровска, која е на функција од ноември 2022, кажа дека откако е таа директорка, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, без никаква манипулација со лековите.

    „Претходно имавме сомнежи, имаше допрен глас, беше јавна тајна дека недостасуваат лекови. Откако сум јас директорка, подигнато е нивото на безбедноста на патеката на лекот. Еднаш неделно имаме Онклошки конзилиум, на кој се состануваат сите 12 раководители на одделенија и за секој пациент се разговара и одлучува за текот на терапијата“, рече Клисаровска.

    Таа повтори дека не дава втора шанса никому, без разлика дали е украден скап лек или физиолошки раствор. А за тоа зошто медицинската сестра била вратена на работа после првата кражба, таа кажа дека за тоа треба да одговори претходното раководство. Сестрата била ангажирана во дневната болница и не била директно вклучена со растворањето лекови.

    На новинарско прашање зошто претходниот директор д-р Нино Васев денес дошол на работа, таа кажа дека нема добиено никакво решение од институциите за да биде отстранет од работа.

    Меџити и Клисаровска замолија да не се шират непроверени информации, да се почекаат извештаи од институциите, со цел да не се создава немир и паника кај онколошките пациенти.

    Поради откриениот криминал на Онкологија, денеска во 18 часот пред Владата е закажан граѓански протест.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира