Во голем пожар гори стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден, а густиот чад се гледа и од Скопје. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов вели дека е запалена трска, а ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.
Од бројот за итни случаи 112 во ЦУК велат дека пожарот зафатил голем простор и се шири кон Арачиново, каде гори трска и ѓубре во канали околу селото, и дека ќе треба повеќе време за да се ликализира и изгаси.
Денеска има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои се изгасени само 3, а 9 уште се активни.