МИТРЕВСКИ НАСИЛНО ВЛЕЗЕ ВО СИНДИКАТОТ, ПОВРЕДЕН В.Д. ЛИДЕРОТ ДИМОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИТРЕВСКИ НАСИЛНО ВЛЕЗЕ ВО СИНДИКАТОТ, ПОВРЕДЕН В.Д. ЛИДЕРОТ ДИМОВСКИ

    Приврзаниците на разрешениот претседател на Синдикатот Живко Митревски со сила ги избркаа преставниците на 4-тирите гранковни синдикати кои ја имаа запоседнато зградата на Синдикатот. При интервенцијата повреден бил и в.д. претседателот на Синдикатот Дарко Димовски.

    „Живко Митревски заедно со група рекетари насилно влезе во ССМ, притоа буткајќи ја и полицијата. Дарко Димовски беше физички нападнат. Дојдоа со десетици обезбедувачи и се обидоа да нè исфрлат. Ја скршија вратата, настана турканица, внатре ние немавме обезбедување, беа само членови на синдикатот. При мешаницата в.д. претседателот на Синдикатот беше удрен. Тој беше во болница и даде изјава во полиција“, изјави Пецо Грујовски.

    За целата ситуација, противниците на Митревски најавија дека ќе испратат соопштение.

    Грујовски вели дека Митрески охрабрен од одлуката на Министерството за труд и социјална политика за поништување на одлуката за негово разрешување  ја презел акцијата за насилно исфрлање.

    Претставници на четири најголеми гранкови вчера ја запоседнаа зградата на Синдикатот кога дознале дека разрешениот Митревски ангажирал работници и камиони за да ги иселат од нивните простории во Синдикатот. Тие изјавија дека ќе останат внатре се додека Централниот регистар не го впише новиот претседател Дарко Димовски.

    Министерството за труд и социјална политика го поништи решението со кое досегашниот претседател Живко Митревски е разрешен од функцијата и на негово место е назначен Дарко Димовски. Како причината за поништување на решението министерството наведува дека тоа било направено незаконски и нестатутарно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира