ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЈА ОБЈАВИЈА ПЛАТФОРМАТА ЗА ВЛАДА, НА ПОТЕГ СЕ ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЈА ОБЈАВИЈА ПЛАТФОРМАТА ЗА ВЛАДА, НА ПОТЕГ СЕ ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ

    ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА ја објавија заедничката политичка агенда  за остварување на правата на Албанците во Македонија, со која ќе настапат во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ за формирање нова влада. Во Платформата се наведени скоро 30 точки  со рокови за нивно импементирање:

    • Постигнување на целосна еднаквост во согласност со Охридскиот договор и Уставот.
    • Строга примена на принципот на мултиетничност на Уставот на Република Македонија, каде Албанците се признаени како државотворен народ. Поддршка на секоја законска или уставна иницијатива со која се зајакнува етничката еднаквост на албанското население.
    • Постигнување на целосна јазична еднаквост, употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта, и обезбедување на неговата употреба како основно и уставно право.
    • Во Уставот  да стои „Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, албанскиот јазик и неговото писмо се службени јазици во Република Македонија“.
    • Сеопфатна дебата за државното знаме, химната и грбот на Република Македонија, со цел државните симболи да ја одразуваат државната мултиетничност и етничката еднаквост.
    • Усвојување на резолуција во Собранието, со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија со периодот 1912-1956.
    • Постигнување на економска и социјална еднаквост, особено преку рамномерен регионален развој.
    • Создавање нов механизам, во форма на државна комисија за финансирање на општините, заради поправедно одлучување при распределбата на владини грантови во корист на општините.
    • Создавање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како тело одговорно за почитување на правата на заедниците и промовирање на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
    • Реализација на правичната застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавање и правда.
    • Реализација на соодветна и правична застапеност на сите нивоа на централната власт како и јавните агенции или претпријатијата со државен капитал.
    • Зајакнување на владеењето на правото како предуслов за напредок во процесот на евро-атлантските интеграции.
    • Спроведување на реформите во согласност со договорот во Скопје, препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пред-пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
    • Поддршка на непристрасното работење на Специјалното обвинителство, без етнички и политички предрасуди.
    • Целосно расветлување на случаите и судските процеси „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“ и „Куманово“, преку комисија за истрага или меѓународно независно тело.
    • Негување на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичката стабилност на земјата.
    • Преземање на афирмативни мерки, за да се обезбеди финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.
    • Создавање на централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди обука за преведувачи, редактори и лектори.
    • Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и начела на меѓународното право.
    • Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието, со која Владата на Република Македонија активно ќе се залага во насока на решавањето на спорот за името.
    • Вклучување на Албанците во работната група за директни разговори со Грција.
    • Негување добрососедски односи.
    • Вклучување на Албанците во работната група за директни разговори со Бугарија.
    • Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
    • Отворање нови гранични премини.
    • Брза интеграција во НАТО и Европската Унија.
    • Исполнувањето на горенаведените точки ќе ги деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку создавање на Парламентарна тркалезна маса на албанските партии.
    • Парламентарната тркалезна маса на албанските партии ќе работи по принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентната комуникација со меѓународните партнери на Македонија, барајќи поддршка посебно од Европската Унија и меѓународните институции
    • Тркалезната маса ќе ги утврди роковите за реализација на горенаведените цели во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.

    Во понеделник претседателот Ѓорге Иванов треба да го даде мандатот  за формирање влада на партијата што има највеќе пратеници или има мнозинство од 61 пратеник. ВМРО-ДПМНЕ доби 51 пратеник, а СДСМ 49. Според  број на пратеници, Иванов мандатот за формирање влада треба да му го даде на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира