„НЕЧИСТА КРВ“ НА ИРЛ ОСВОИ ПРВА НАГРАДА НА ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

    „НЕЧИСТА КРВ“ НА ИРЛ ОСВОИ ПРВА НАГРАДА НА ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ВО МАКЕДОНИЈАИРЛ освои прва, Фросина Димевска втора, а КОД трета награда на ЕУ за истражувачко новинарство. (Фото: Фејсбук)

    Документарната емисија „Нечиста крв“ на авторите Сашка Цветковска, Елена Митревска Цуцковска, Маја Јовановска и Трифун Ситниковски од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство во Македонија.

    „Жирито едногласно одлучи да ја награди приказната за злоупотреба на третман на пациенти со ковид-19 и профитерство во услови на пандемија, сметајќи дека таа содржи голема релевантност, трудољубивост, длабински и иновативен пристап. Приказната на ИРЛ со многу документарни елементи е резултат на долга и опсежна истрага на цел тим и го трасира патот за ваквиот пристап во новинарството“, вели жирито во образложението за првата награда.

    Втората награда ја освои Фросина Димевска за „Избеган украинскиот политичар под санкции на САД, добил македонско државјанство“ објавена на порталот Призма.

    Третото место е за сторијата на емисијата КОД „Државата не наплати пари од пресудено дело – Неуспешна конфискација на Трансмет“ од авторите Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска Созен, емитувана на ТВ Телма.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира