Евтина струја преку ден ќе има од 13 до 15 часот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Днавната евтина струја ќе стартува од декември, а во меѓувреме ЕВН треба да ги сетира сите броила.
„Покрај дневната евтина струја во периодот од 13 часот до 15 часот, останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори. Во овој период, во време на енергетска криза за 20 % го зголемивме инсталираниот капацитети,со што се релаксира состојбата во енергетската слика кај нас. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува 15 % во првите неколку месеци од годинава“, кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.