АРАПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОТКАЖАА СРЕДБАТА СО БАЈДЕН ПО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БОЛНИЦА ВО ГАЗА СО НАЈМАЛКУ 500 ЖРТВИ

    АРАПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОТКАЖАА СРЕДБАТА СО БАЈДЕН ПО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БОЛНИЦА ВО ГАЗА СО НАЈМАЛКУ 500 ЖРТВИНад 500 загинати има во ракетирањето на болницата во Газа за кое меѓусебно се обвинуваат Хамас и Израел. (Фото: АП)

    По експлозијата во болницата Ал Ахли во Газа во која синоќа загинаа најмалку 500 луѓе, откажан е состанокот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и арапските лидери – меѓу кои и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Бајден, кој денеска ќе дојде во Израел, требаше да замине за Јордан по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на средба со кралот Абдула од Јордан, со претседателот Абдул Фатах ал-Сиси од Египет и со Абас.

    Меѓутоа, доцна синоќа, јорданскиот министер за надворешни работи рече дека средбата може да се одржи само кога страните ќе се договорат да стават крај на „војната и масакрите врз Палестинците“, обвинувајќи го Израел за експлозијата во болницата.

    Хамас го обвини Израел за ракетирањето на болницата, но израелската војска тврди дека експлозијата била предизвикана од ракета на друга група, Палестинскиот исламски џихад, втората по големина милитантна група во Појасот Газа. Исламскиот џихад ги отфрли овие тврдења, обвинувајќи го Израел дека „напорно се обидува да ја избегне одговорноста за бруталниот масакр што го изврши“.

    Во твит, Бајден рече дека е „огорчен и длабоко тажен“ од експлозијата – и го упати неговиот тим за национална безбедност „да продолжи да собира информации за тоа што точно се случило“.

    Најмалку 600.000 Палестинци избегаа од северниот дел на Појасот Газа на југ по предупредувањата на израелската војска која спрема копнена офанзива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира