АСФАЛТ МЕСТО КАЛДРМА НА УЛИЦАТА СТОЛТЕНБЕРГОВА ВО СКОПСКИОТ ГРАДСКИ ПАРК

    АСФАЛТ МЕСТО КАЛДРМА НА УЛИЦАТА СТОЛТЕНБЕРГОВА ВО СКОПСКИОТ ГРАДСКИ ПАРКЕкипите на ЈП „Улици и патишта“ вчера започнаа со асфалтирање на улицата. (Фото: Општина Центар)

    Коцката од улицата Столтенбергова пред стадионот во Градскиот парк во Скопје е заменета со асфалт. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ вчера започнаа со асфалтирање на улицата која ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар. Реализацијата на овој проект е со меѓуопштинската соработка со Градот Скопје и Општина Центар.

    „Вчера започна со асфалтирање на потегот пред градскиот стадион ‘Тодор Проески‘ кој беше покриен со калдрма која беше навистина многу оштетена. Со асфалтирањето на овој потег практично се изедначува целиот круг околу градскиот стадион, со што се доби целина земајќи го фактот што калдрма имаше единствено на овој потег“, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

    Улицата во Градскиот парк во 2018 беше именувана според угледниот норвешки дипломат Торвалд Столтенберг, поради неговиот голем придонес во обновата на градот по катастрофалниот земјотрес во 1963.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира