ЃОКОВИЌ ПО РЕКОРДЕН ОСМИ ПАТ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ ГОДИНАТА КАКО СВЕТСКИ РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕН

    ЃОКОВИЌ ПО РЕКОРДЕН ОСМИ ПАТ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ ГОДИНАТА КАКО СВЕТСКИ РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕНЃоковиќ во Рим ја брка рекордната седма титула на завршните турнири на сезоната (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како светски рекет број еден по рекорден осми пат, откако со победа го почна настапот на АТП финалето во Торино. Во првото коло во Зелената група, Ѓоковиќ дури по полноќ го совлада Холгер Руне со 7:6, 6:7, 6:3, што му беше доволно за да го потврди првото место на АТП-листата на крајот на 2023. Ова беше неговата 19. победа во ред.

    Триесет и шестгодишниот српски тенисер освои три гренд слем титули оваа година, додека во Торино ја брка рекордната седма титула на завршните турнири на сезоната, откако лани се израмни со Роже Федерер.

    „Ова беше многу емотивна и тешка победа, знаејќи ја важноста на мечот. По ужасниот тај-брејк во вториот сет, во третиот одиграв навистина солидно“, изјави Ѓоковиќ.

    Во истата група, Јаник Синер го совлада Стефанос Циципас со 6:4, 6:4.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира