ФРАНЦИЈА МУ ДАДЕ 14 ГОЛА НА ГИБРАЛТАР И ПОСТАВИ НОВ РЕКОРД ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП

    ФРАНЦИЈА МУ ДАДЕ 14 ГОЛА НА ГИБРАЛТАР И ПОСТАВИ НОВ РЕКОРД ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕПНа мечот во Ница имаше десетмина различни стрелци (Фото: АФП)

    Франција постигна по седум гола во секое полувреме, совладувајќи го Гибралтар со 14:0 во квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија. Тоа е највисоката победа во историјата на француската репрезентација, но и најголема победа во квалификациите за ЕП воопшто, откако досегашниот рекорд беше 13:0 од дуелот помеѓу Германија и Сан Марино во 2006.

    На мечот во Ница имаше десетмина различни стрелци, а сѐ почна со автоголот на Сантос уште во третата минута. Ситуацијата за Гибралтар дополнително се влоши во 18. минута, кога Сантос доби црвен картон.

    Меѓу стрелците беше и Ворен Заир-Емери, кој со 17 години, осум месеци и 11 дена стана најмладиот француски репрезентативец во изминатите 109 години.

    Франција го заврши мечот со 39 удари кон противничкиот гол, додека Гибралтар немаше ниеден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира