Новак Ѓоковиќ постави уште еден рекорд во својата богата кариера, освојувајќи го АТП финалето по седми пат. Во вечерашното финале во Торино, тој го совлада Јаник Синер со 6:3, 6:3 и се оддели од Роже Федерер, кој има шест триумфи на завршните турнири на сезоната.
На Ѓоковиќ му висеше пласманот во полуфиналето откако изгуби од Синер во групната фаза, но потоа токму Италијанецот му помогна откако победи во дуелот со Холгер Руне.
Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како светски рекет број еден по рекорден осми пат, што исто така го обезбеди во Торино, а меѓу врвните постигнувања кои ги оствари оваа сезона се и израмнувањето на севкупниот рекорд од 24 гренд слем титули и освојувањето на 40. Мастерс трофеј.
На српскиот тенисер му требаат уште две титули за да ги има 100, при што пред него се само Федерер со 103 и Џими Конорс со 109.