РУСИЈА ПОЧНА НАЈГОЛЕМ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ КИЕВ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА

    РУСИЈА ПОЧНА НАЈГОЛЕМ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ КИЕВ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТАНајмалку пет цивили, меѓу кои и 11-годишно дете, беа ранети во повеќечасовниот напад со беспилотни летала врз Киев. (Фото: АП)

    Русија изутринава го започна најинтензивниот напад со беспилотни летала врз Украина од почетокот на нејзината целосна инвазија во 2022, насочена кон главниот град Киев, соопштија воени претставници.

    „Киев беше главната цел“, напиша командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, на својот канал на Телеграм.

    Севкупно, Русија лансираше околу 75 беспилотни летала „шахед“ од иранско производство против Украина, од кои 71 беа уништени со воздушна одбрана, соопштија украинските вооружени сили. Нападот беше „најмасовниот воздушен напад со беспилотни летала врз Киев“, рече Серхи Попко, шеф на градската управа во Киев, истакнувајќи дека воздушната одбрана собори повеќе од 60 воздушни цели над главниот град во текот на утрото.

    Нападот врз Киев започна во 4 часот наутро по локално време, продолжувајќи во бранови повеќе од шест часа и предизвика прекин на електричната енергија во 77 станбени згради и 120 институции, рече Попко.

    Најмалку пет цивили беа ранети во повеќечасовниот напад со беспилотни летала врз Киев, при што беа оштетени неколку згради, меѓу кои и една градинка. Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, меѓу ранетите има и едно 11-годишно дете.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира