ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРБИНЦИ И ДРУГИ ЛИЦА СОБИРААТ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ НА МРТВИ ДУШИ, РЕЧЕ СПАСОВСКИ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРБИНЦИ И ДРУГИ ЛИЦА СОБИРААТ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ НА МРТВИ ДУШИ, РЕЧЕ СПАСОВСКИНајстрого ќе бидат казнети сите кои предизвикуваат страв и несигурност кај граѓаните“, рече Спасовски. (Фото: Принтскрин од видео на Фејсбук)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вторникот на вонредната прес-конференција за апсењето на Љупчо Палевски-Палчо во Турција, кажа и дека случајот во Општина Карбинци за наводно киднапирање деца е измислен за собирање политички поени. Рече дека станува збор за политиканти кои сакаат на мртви души да земат политички поени.

    „Упатувам апел дека ова не смее да се употребува во политички цели. Ако некој смета дека се добиваат политички поени на мртви души, тоа е многу погрешно. Ако така мислел градоначалникот на Карбинци или некој друг, затоа се преземаат низа мерки и најстрого ќе бидат казнети сите кои предизвикуваат страв и несигурност кај граѓаните“, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за апсењето на Палевски кој е првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

    Во основното училиште „Страшо Пинџур“ во штипското село Карбинци во вторникот имаше прекин на наставата откако се рашири вест за неуспешен обид за киднапирање на ученици. Од полицијата попладнето рекоа дека станува збор за покана за кафе за ученичка, која ја одбила и веднаш пријавила кај директорката.

    По овој настан прекин на наставата имало и во две соседни села, Стар Караорман и Таринци, откако родителите си ги зеле децата од училиштата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира