Aктуелниот претседател на Собранието Талат Џафери ќе биде технички претседател на Владата, објави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на својот фејсбук профил. Ова е одлучено на денешниот состанок на централното претседателство на партијата. Џафери ќе стапи на функцијата на 28 јануари, кога ќе биде формирана техничката влада или 100 дена пред парламентарните избори.
Одлучено е шеф на централниот изборен штаб на ДУИ за изборите во 2024 да биде Фатмир Бесими.
Парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај заедно со вториот круг на претседателските избори. Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април.