СЕДУМ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ОТКАКО СЕ ЗАТРУЛЕ СО ХЛОР ДОДЕКА ПЛИВАЛЕ ВО ХОТЕЛСКИ БАЗЕН ВО ОХРИД

    СЕДУМ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ОТКАКО СЕ ЗАТРУЛЕ СО ХЛОР ДОДЕКА ПЛИВАЛЕ ВО ХОТЕЛСКИ БАЗЕН ВО ОХРИДЛицата кои се затруени веднаш биле хоспитализирани во охридската и струшката болница и се надвор од животна опасност.(Фото: СДК.МК)

    Седум лица, од кои две малолетни, завршија во болница поради знаци на труење со хлор откако синоќа користеле затворен хотелски базен на брегот на Охридското Езеро. Од СВР Охрид велат дека настанот, кој се случил синоќа, бил веднаш пријавен.

    „Во Општата болница во Охрид биле пренесени М. Р. (24) и А. Б. (19) од Охрид и Ј. А. (45) и А. П. (37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ. А. (42) и две малолетни лица, сите од Скопје“, велат од СВР Охрид.

    Од полицијата додаваат дека се работи на расчистување на случајот, а првичните претпоставки се дека во водата имало поголема количина хлор, но истрагата ќе покаже за што точно станува збор. За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и Трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.

    Лицата кои се затруени веднаш биле хоспитализирани во охридската и струшката болница и се надвор од животна опасност.

    „Има и две деца во одделот за педијатрија кои беа донесени од одделот во Охрид и дадена им е соодветна терапија. Направени се анализи и подобрена им е состојбата“, изјави Арменд Арслани, директорот на Струшката болница.

    Според лекарите, симптомите при труење со хлор можат да бидат замагленост, црвенило и печење по телото, стегање во градите, а некогаш дури и смрт.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира