ДАНЕЛА ТРЕБА ОД ДЕНЕС ДА ВОВЕДЕ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ, СТАПИЈА НА СИЛА МЕРКИТЕ ПОРАДИ ГОЛЕМОТО ЗАГАДУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

    ДАНЕЛА ТРЕБА ОД ДЕНЕС ДА ВОВЕДЕ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ, СТАПИЈА НА СИЛА МЕРКИТЕ ПОРАДИ ГОЛЕМОТО ЗАГАДУВАЊЕ ВО СКОПЈЕМерките се воведуваат откако вчера и завчера на мерните станица Лисиче и Ректорат е измерено над 150 mg/m3 ПМ10 честички. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од утрово, во Скопје стапуваат на сила мерките за заштита од загадувањето откако два дена по ред во главниот град има високо ниво ПМ10 честички. Од Министерството за животна средина соопштија дека мерките се воведуваат откако вчера и завчера на мерните станица Лисиче и Ректорат е измерено над 150 mg/m3 ПМ10 честички.

    Тоа значи дека сега Град Скопје треба да воведе бесплатен јавен автобуски превоз.

    Министерствата за животна средина  и за здравство се должни да им препорачаат на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Работодавците треба да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот. Да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, администрацијата да не оди на работа со коли, да се органичат градежните работи на отворено.

    Токму денеска, Советот на Град Скопје на седница ќе расправа за буџетот за 2024, но од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ) која има 2 советника, обвинија дека буџетот е со 46% намалени ставки за заштита на животна средина и без точно кои средства за кои проекти ќе се користат, и најавија дека нема да гласаат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира