СУДИЈКАТА ГИ ОТСТРАНИ НОВИНАРИТЕ ОД СУДЕЊЕТО НА ГРУЈОВСКИ ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДИЈКАТА ГИ ОТСТРАНИ НОВИНАРИТЕ ОД СУДЕЊЕТО НА ГРУЈОВСКИ ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ

    Судијката Лидија Петровска откако и на денешното рочиште не им дозволи на новинарите да го фотографираат или снимаат обвинетиот ексначалник на Петтата управа во МВР Горан Грујовски, ја исклучи јавноста од судењето на барање на адвокатот на Грујовски, Никола Додевски.

    Само што стана обвинителката од СЈО Ленче Ристоска за да каже до кого се обратило СЈО за да добие дозвола од создавачот на нелегално прислушуваните разговори да ги употреби како докази во овој судски процес, стана Додевски и побара судијката да ја исклучи јавноста за секој случај.

    „СВАРОВСКИ СУДИЈКАТА“ НЕ ДОЗВОЛИ СЛИКАЊЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПАЛЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ВО УБК

    Ристоска реагираше дека она што сака во оваа фаза да го каже не содржи класифицирани информации и оти, како што рече, сигурно СЈО не би го повредило законот и би изнело информации кои се државна тајна. Но, судијката Петровска одлучи како што побара Додевски и на новинарите им кажа да ја напуштат седницата. Тоа предизвика револт кај претставниците на медиумите.

    Грујовски е обвинет за за фалсификување службени исправи, зашто противзаконски запалиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување. За ова кривично дело пропишана е затворска казна до пет години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира