РАКОМЕТАРИТЕ УТРЕ ИГРААТ НА СТАДИОН НА ОТВОРАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ ОЧЕКУВААТ РЕКОРДНИ 53.000 ГЛЕДАЧИ

    РАКОМЕТАРИТЕ УТРЕ ИГРААТ НА СТАДИОН НА ОТВОРАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ ОЧЕКУВААТ РЕКОРДНИ 53.000 ГЛЕДАЧИГерманците привремено го претворија стадионот „Меркур шпил арена“ во Диселдорф во ракометен храм (Фото: СДК.МК)

    Македонските ракометари утре ќе бидат дел од историја кога првпат ќе играат на стадион на спектакуларното отворање на Европското првенство во Германија.

    Тоа нема да биде првпат ракометен натпревар да се игра на стадион, но се очекува рекордна посетеност за овој спорт од 53.000 гледачи. За таа цел, Германците привремено го претворија стадионот „Меркур шпил арена“ во Диселдорф во ракометен храм. Изграден во 2004, на овој стадион се играа и мечеви од Мундијалот во 2006, а ќе биде домаќин и на годинашното Европско фудбалско првенство во Германија.

    Тревникот на стадионот беше отстранет пред нова година. Тоа е нормален процес за нас, зашто тука се одржуваат и концерти и други неспортски настани. Околу ракометниот терен се поставени и дополнителни трибини за околу 9.000 гледачи“, изјави Бастијан Бекер, директорот на стадионот.

    Тој уверува дека никој на стадионот нема да мора да седи во дебела зимска јакна.

    Фановите не мора да бидат загрижени за студот. Гарантираме дека температурата на теренот ќе биде 18 степени“, вели Бекер.

    Првиот противник на Македонија е трикратниот европски првак Франција и тие го отвораат првенството во 18 часот. Потоа следува дуелот Германија-Швајцарија од 20:45 часот, по што селекциите од оваа група се селат во Берлин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира