КОВАЧЕВСКИ ЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКАТА ДО СОБРАНИЕТО, ВЕЛИ ДЕКА ПАК ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР ПО ИЗБОРИТЕ НА 8 МАЈ

    КОВАЧЕВСКИ ЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКАТА ДО СОБРАНИЕТО, ВЕЛИ ДЕКА ПАК ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР ПО ИЗБОРИТЕ НА 8 МАЈНа утрешната седница, Собранието треба да ја констатира оставката на Владата, а во сабота кандидатот за технички премиер Талат Џафери ќе понуди програма и нов состав на техничката влада. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево ја поднесе оставката до Собранието, што се смета за оставка на целата Влада.

    На утрешната седница, Собранието треба да ја констатира оставката на Владата, а во сабота кандидатот за технички премиер Талат Џафери ќе понуди програма и нов состав на техничката Влада која ќе постои, работи и ќе ги спроведе изборите на 8 мај.

    Ковачевски кажа дека е горд што бил дел од Владата овие две години, а за Џафери кажа пофални зборови како добро го водел Собранието во два мандата.

    Ковачевски кажа дека по изборите на 8 мај, пак ќе биде премиер на Македонија.

    Од Владата ќе излезе и Оливер Спасовски, зашто технички министер за внатрешни работи ќе биде Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, а смена ќе има и во министерството за труд и социјална политика, каде што ќе дојде Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ на местото на Јованка Тренчевска.

    На 28 јануари ќе биде закажана седницата за избор на техничката влада, а потоа и втора седница за избор на дополнителните заменици министри, како и за верификација на мандат на пратеник, кој ќе го земе местото на Џафери.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира