Јирген Клоп ги шокираше Ливерпул и фудбалскиот свет со објавата дека ќа ја напушти клупата на „црвените“ на крајот на сезоната. Педесет и шестгодишниот германски стручњак изјави дека почнал да губи енергија.
Клоп дојде во Ливерпул во 2015 и договорот му траеше до 2026. Покрај тоа што го предводеше до првата шампионска титула по пауза од 30 години, Ливерпул и оваа сезона е конкурент за дури четири трофеи.
„Уште во ноември го известив клубот за мојата одлука. Верувам дека ова е шок за многумина луѓе во моментов, но ќе се обидам да објаснам. Сакам сѐ што е во врска со овој клуб и со овој град, но почнав да губам енергија и убеден сум дека ова е вистинска одлука. Знам дека не можам да ја вршам оваа работа повторно и повторно и повторно. По сите овие години поминати заедно, ви должам вистина и ова е вистината“, кажа Клоп во обраќањето преку клупскиот сајт.
Ливерпул освои седум трофеи под водство на Клоп, меѓу кои и Лигата на шампионите во 2019. Покрај тоа, уште двапати играше финале на ЛШ и еднаш на Лига Европа.