ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО СКОПЈЕ, ДЕЦА БЕЗ ВАКЦИНА ДА НЕ СЕ ПРИМААТ ВО ГРАДИНКА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО СКОПЈЕ, ДЕЦА БЕЗ ВАКЦИНА ДА НЕ СЕ ПРИМААТ ВО ГРАДИНКА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИСпоред Петличковски, незадоволително е нивото со опфатот на вакцинација на пертусис. (Фото: Принтскрин од видео на МИА)

    Епидемија на голема кашлица да се прогласи на територијата на Град Скопје, предлага Комисијата за заразни болести. Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица, од кои 14 во Скопје, и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, Комисијата предлага Владата да прогласи епедемија на голема кашлица за да се спречи ширењето. Комисијата предлага во градините да се примаат само целосно вакцинирани деца до траење на епидемијата.

    „Ова звучи малку страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста големи кашлици. Во таа насока, моментално го подготвувам, односно очекуваме да излезе подготвено упатство за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини“, рече претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

    Според Петличковски незадоволително е нивото со опфатот на вакцинација на пертусис.

    „Тука треба да се фокусираме, да поправиме она што е промашено во изминатиот период. Затоа ќе ги повикуваме сите кои ја пропуштиле вакцинацијата предвидена со редовниот календар. Ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација“, додаде Петличковски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира