ГРАДИНКА И НОВИ 600 ПАРКИНГ МЕСТА ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ПРЕДВИДУВА НОВИОТ ДЕТАЛЕН ПЛАН КОЈ ГО ДОНЕСЕ ОПШТИНА ЦЕНТАР

    ГРАДИНКА И НОВИ 600 ПАРКИНГ МЕСТА ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ПРЕДВИДУВА НОВИОТ ДЕТАЛЕН ПЛАН КОЈ ГО ДОНЕСЕ ОПШТИНА ЦЕНТАРСо новиот ДУП на местото на старите бараки на Министерството за одбрана предвидена е градинка. (Фото: СДК.МК)

    Градинка и нови 600 паркинг места во Клинички центар се предвидени со новиот Детален урбанистички план Градска четврт Ј 21-локалитет Геолошки завод и локалитет Клинички блок.

    Со планот, кој беше усвоен на последната седница на Советот на Општина Центар, предвиден е и парк со површина од 1.013 квадратни метри. Дел од слободните локации во државна сопственост се искористени за заштитно зеленило и паркчиња. Вкупната површина под заштитно зеленило во рамките на опфатот изнесува 1.554 квадратни метри, а под паркови 3.950 квадратни метри.

    Со новиот ДУП, на местото на старите бараки на Министерството за одбрана предвидена е градинка со вкупна површина за градба од 1.986 квадратни метри, со можност за приземје и кат и со капацитет за прием на шеесетина деца. Како што рекоа од Општина Центар, ова е прва градинка што некогаш била испланирана на овој опфат.

    „ДУП-от предвидува уредување и проширување на тротоарите на пристапните и станбените улици, со што се овозможува непречен и безбеден проток на пешаци. Во рамките на опфатот на Клинички центар предвидена e катна гаража со капацитет за 495 возила, плус деведесетина рамномерно распоредени паркинг места, со што се добиваат нови 600 места за паркирање кои не се наменети за конкретни парцели, туку за посетителите на Клинички. Дополнително, предвидено е јавно паркиралиште со 56 паркинг места во рамките на делот од локалитетот Геолошки завод“, велат од Општина Центар.

    Планот е усогласен со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022, како и со ажурирани катастарски подлоги, со што се олеснува натамошното спроведување на планската документација.

    На 19. седница на Советот на Општина Центар беше повторно ставена точката за ДУП-от Маџир Маало, Градска четврт И 05. За него беше изгласана одлука за недонесување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира