НЕДЕЛКОВА ГО ТУЖИ СУДСКИОТ СОВЕТ ПРЕД УПРАВНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕДЕЛКОВА ГО ТУЖИ СУДСКИОТ СОВЕТ ПРЕД УПРАВНИОТ СУД

    Поднесена е првата тужба од судија против Судскиот совет – Лидија Неделкова, експретседателката на Врховниот суд и еден од кандидатите за нов мандат, денеска го даде Судскиот совет пред Управниот суд по неколку основи. Неделкова пред Управниот суд ја оспорува законитоста на постапката за избор на претседател на Врховниот суд на Република Македонија.

    Неделкова ги спори како неуставни огласот во основа, како и вонредното оценување, и бара времено запирање на постапката за избор на претседател на највисокиот суд, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Управниот суд. Неделкова поднесува тужба до Управниот суд поради незаконити дејствија на Судскиот совет. Бара заштита на уставно загарантираните права за судска заштита, поради назаконити дејствија на органот што го врши изборот. Таа го оспорува огласот поради тоа што во него било објавено дека кандидтите за избор на претседател на Врховниот суд ќе се оценуваат за последните две години, како што е наведено во Законот за судови. Место тоа, Судскиот совет, направи преседан во случајов и донесе одлука да изврши вонредно оценување на кандидатите за претседател, воведувајќи ја цела 2015 и само седум месеци од 2016 година.

    Во јавноста тоа беше протолкувано дека Судскиот совет го мести изборот на претседатели на Врховниот суд и на Основниот суд Скопје 1, како најважни судови во државата.

    Вонредното оценување беше наводно воведено за на Неделкова да треба да ѝ се одземат бодови, бидејќи Врховниот суд во 2015 и 2016 година по нејзино водство бележи заостанување на предмети поради недостиг на врховни судии и зголемен обем на работа. На екпретседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој повторно се кандидира за нов мандат, со вонредното оценување да му се зголеми последната оценка тројка на максималната четворка, за тој да биде повторно избран.

    Се работи за многу брза постапка и Управниот суд на оваа тужба треба да одговори веднаш, додека трае изборот.

    Неделкова, како што дознава САКАМДАКАЖАМ. МК, бара времено запирање на постапката за избор на претседател на Врховниот суд. Бара поништување на одлуките за вонредно оценување како неуставни и незаконити.

    Тужба до Управниот суд во врска со огласот за избор на претседател на Основниот суд Скопје 1, најавува и судијата – кривичар Иван Џолев од Основниот суд Скопје 1, противкандидатот на Владимир Панчевски, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во судот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира