ПОЛИЦАЕЦ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА МИЦКОСКИ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ НА ДОЛЖНОСТ ВО СКОПЈЕ

    ПОЛИЦАЕЦ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА МИЦКОСКИ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ НА ДОЛЖНОСТ ВО СКОПЈЕЧленот на обезбедувањето на Мицкоски нападнал колега полицаец кој бил во полициска акција во клуб во Центар. (Фото: СДК.МК)

    Полицаец, кој е член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додека не бил на должност ноќеска во скопски клуб нападнал колега полицаец кој бил во полициска акција. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдија инцидентот.

    „На 18.02.2024 во 00.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И. Б. (43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

    Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека „лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето, бараме органите без задршка да постапат и казнат секакво насилство“. Од партијата во соопштението велат и дека од она што им е познато „станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници“. Технички министер за внатрешни работи е Панче Тошковски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, кој доаѓа од редовите на СДСМ, во објава на Фејсбук кажа дека станува збор за поранешен висок полициски функционер, дека напад врз полициски службеник е напад на држава, и ја повика „внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира