ЈАС ВЕ САКАМ, НОВИНАРИТЕ ЛАЖАТ, РЕЧЕ ТРАМП ВО ЦИА

a:1:{s:9:"td_source";s:14:"САД,(АП)

    ЈАС ВЕ САКАМ, НОВИНАРИТЕ ЛАЖАТ, РЕЧЕ ТРАМП ВО ЦИА

    На својот прв работен ден, претседателот Доналд Трамп вчера ги прекори медиумите за следењето на неговата инаугурација, а при посетата на седиштето на ЦИА заради помирување со разузнавачката агенција се пожали на „нечесните“ новинари. Но, токму Трамп беше тој кој шири невистини за тоа колку луѓе дошле да ја гледаат неговата инаугурација во Вашингтон.

    Застанат пред споменикот на загинатите агенти на ЦИА, Трамп ги убедуваше разузнавачките власти дека „Јас сум ептен зад вас“. Пред околу 400 присутни агенти, Трамп не спомна ништо за неговите бројни критики на разузнавачките агенции по изборите, меѓу кои и јавното подбивање со нивниот класифициран извештај дека Русија влијаела врз трката за Белата куќа за да му помогне да победи. Тој тогаш и на Твитер и во изјава рече дека извештајот е како во времето на нацизмот.

    „Не постои никој кој ја сака повеќе разузнавачката заедница и ЦИА од Доналд Трамп“, рече тој и ги обвини медиумите дека му измислиле судир со разузнавачите.

    Поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан изјави дека е „длабоко нажален и лут од изразот на себевеличање вреден за презир на Доналд Трамп пред споменикот на хероите на Агенцијата. Трамп треба да се засрами“.

    Во говорот Трамп се пофали и за бројот на присутни на неговата инаугурација, но даде неточен податок дека масата народ се протегала „дури до Вашингтонскиот споменик“. Фотографиите и видеото јасно покажуваат дека масата народ е далеку од споменикот. Трамп рече и дека имало милион до милион и пол луѓе, но не понуди ниеден доказ за тоа.

    Сугестиите дека неговата инаугурација била проследена со слаб ентузијазам очигледно го изнервирале новиот претседател. Кусо по неговите изјави во ЦИА, тој го испрати неговиот портпарол Шон Спицер на брифинг во Белата куќа за поагресивно да ја засили пораката.

    „Многу се зборува во медиумите дека ќе се бара одговорност од Доналд Трамп. Но јас сум тука да ви кажам дека одговорноста оди во две насоки. И ние ќе бараме одговорност од медиумите, исто така“, рече Спицер во своето прво појавување пред новинарите во Белата куќа, на кое одби да одговара на прашања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира