ШТРАЈК НА ГРЧКИТЕ ЦАРИНИЦИ, ПРЕПОРАКА ДА НЕ СЕ ПАТУВА КОН ГРЦИЈА

    ШТРАЈК НА ГРЧКИТЕ ЦАРИНИЦИ, ПРЕПОРАКА ДА НЕ СЕ ПАТУВА КОН ГРЦИЈАШтрајкот ќе трае два дена и ќе почне вечерна на полноќ. (Фото: СДК.МК)

    Од вечерва на полноќ царинските служби во Грција ќе штрајкуваат. Поради тоа во застој ќе биде патничкиот и товарниот сообраќај и на граѓаните не им се препорачува да патуваат кон Грција.

    Како што информираат од Царинската управа штрајкот ќе трае два дена односно до среда.

    „На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки. Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично, но не е познат точен распоред. Се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период“, велат од Царина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира